Често поставувани прашања
Шато Сопот се наоѓа на автопатот А1/Е75, со растојанија од Скопје 47 км или 39 мин преку А1/Е75; Езеро Младост 2,1 км или 4 мин преку R1102 и Солун, Грција 193 км или 2 часа и 12 мин преку A1/E75.
Доколку доаѓате од Скопје по автопат А1/Е75 се исклучувате на Излез по патарина Сопот, кон Езеро Младост, вртете лево пред подвозникот. Доколку доаѓате од Гевгелија по автопат А1/Е75 се исклучувате на Излез пред патарина Отовица, кон Езеро Младост, се движете околу езерото до хотел Романтик, каде продолжувате лево кон автопат Скопје-Велес, поминувате по подвозник и веднаш вртете десно. Доколлку доаѓате од Велес преку регионален пат R1102, поминувате покрај езеро Младост, до хотел Романтик, каде продолжувате лево кон автопат Скопје-Велес, поминувате по подвозник и веднаш вртете десно
Лозјата на Шато Сопот формираат посебно поднебје во надморска височина, експозиција, состав на земјата, клима, ветер. Лозјата се меѓу 210 (југ) и 260 (север) метри надморска височина. Составот на земјата на различни микролакации се движи од вертизол до црвеница. Годишно има околу 270 сончеви денови. Просечната температура е 12.5°C, и значајни дневно-ноќни разлики во температурите. Ветерот Повардарец или Вардарец дува по долината на реката Вардар, од север Шар Планина кон југ до Солун и топлото Егејско море. Има карактер на маестрал. Вардарец е претежно зимски ветар и неговата просечна брзина изнесува околу 21,6 км/ч. Лозјата се одгледуваат на традиционален начин, а виното се произведува со посебни техники
види Нашите лозја
Лозјата се протегаат на 94 хектари, на кои се застапаени Шардоне, Темјаника, Рајнски ризлинг и Каберне Совињон.
Бербата започнува во зависност од климатските услови од средината на август до почетокот на септември со Шардоне, а завршува во првата половина на октомври со Каберне совињон. Бербата започнува во мугри и завршува околу пладне, пред највисоките температури. Како бербата е рачна, должината на бербата зависи и од бројот на ангажирани берачи.
види Нашите лозја, Берба
Бербата во Шато Сопот е рачна и за оптимално одвивање на бербата се потребни околу 50 берачи. Сортите и лозјата на Шато Сопот се со ограничена берба. Еден берач може да собере до 300 килограми грозје на ден, што зависи од родот, временски услови и сл.
Некогаш е мирно или пенливо, некогаш е бело или розе или црвено, некогаш е суво или слатко, младо или зреено. Најдобро вино е виното кое најмногу одговара на Вашите потреби, очекувања, расположение, друштво, како и храната со која виното се спарува.