Нашиот тим

Божидар Илевски
Винар
Тргнува по патот на винар, инспириран од семејната традиција и на традицијата на Скопска црна гора, на правење на вино и ракија. Покрај традицијата се стекнува со знаење на Технолошкиот факултет во Пловдив, Бугарија. Следејќи ја својата страст за изработка на исклучителни вина доаѓа во Шато Сопот. Како винар, одговорен е за изработка на вината од лоза до шише. Вешт во правење и создавање уникатни вина, за вкусовите на нашите љубители на вино, признаени со многубројни медали на значајни вински натпревари.

Сашко Атанасов
Менаџер за угостителство и промоција
“За мене, најубаво вино е понекогаш младо, понекогаш старо, може бело, може црвено… Најважно е да биде добро усогласено со вкусовите на храната, добро друштво и позитивна енергија “
Со богато искуство што трае веќе 15 години во динамичниот свет на угостителството, вклучувајќи го менаџментот на ресторани и хотели, неговата експертиза го достигнува врвот во областa на винскиот туризам. Сè започнува откако ги завршува студиите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид во 2006 година. Кариерата ја започнува во хотел во родното Кавадарци, каде првично ја доживува еногастрономијата, поставувајќи основа за негово патување на различни лидерски позиции, во туристички агенции и хотели. Неговата посветеност на винскиот туризам го доведува во Винарницата Стоби, а од 2019 година станува дел од тимот во Шато Сопот, одговорен за угостителскиот сектор и промоција. Поседува сертификат WSET 3, со што ја потврдува неговата експертиза и преданост.
Диригент на вкусови и гостопримство, кој ја оркестрира совршената симфонија на вино и храна, претворајќи ги моментите во спомени, а вашата посета несекојдневно искуство.

Николина Василев
Шеф
Од Велес, желбата за гастрономија, ја носи на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, каде завршува гастрономија. Крајот на студиите е почеток на стекнување гастрономско искуство во ресторани на Балканот и Европа. Докажана во незаборавни гастроносмки искуства, посветена на извонредност во секој аспект на кулинарската уметност, од избор на состојки до презентација. Во Шато Сопот одговорна за перфекцијата на кујната, за разбирање на аромите и вкусовите, за потрага по нови гастрономски достигнувања и рецепти, кои прават хармонија со вината.

Зденка Виденова
Менаџер за продажба
Доминира во играта со стил и самодоверба. Од 2009 до 2020 година е на маркетинг сцената како менаџер во продукциска куќа. Но, пред тоа се стекнува со титули како државен првак на Македонија во тенис, во повеќе возрасни групи, докажувајќи го својот силен натпреварувачки дух.
Во Шато Сопот е од 2020 година , се фокусира на развој на продажбата, посебно во HoReCa секторот. Ја проширува продажбата, поминувајќи ги границите. Ја освојува продажбата со страст и брзина. Поседува сертификат WSET 2, и универзитетско образование на Virginia Tech, Вирџинија, САД.