Винаријата „Шато Сопот“ во Велес е едно од најживописните места кои може да се посетат како за викенд, така и преку работна недела.

Локацијата на винаријата е после втората патарина кон Велес, се свртува десно и патот води кон самото место.

Сместена на височинка, од терасата на ресторанот се простира прекрасен поглед со лозови насади, а конфигурацијата на теренот потсетува на Тоскана. Овој период е идеален за посета на ова место, бидејќи лозовите насади се разеленети, и убавината на местото е во полн сјај.

Доколку сте таму на приквечерина, од таму можете да доживеете прекрасно зајдисонце.

Ресторанот нуди вкусна и квалитетна храна, и вина од нивно производство. Работното време на винаријата е до 20 часот, па доколку се одлучите да ја посетите преку недела, тргнете порано.

Фото: еМагазин/Фејсбук/Сопот

Link (ФОТО) Убавината на македонската Тоскана: Винарија „Шато Сопот“ – еМагазин (emagazin.mk)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.