
Шато Сопот е една од најживописните бутик винарии во Македонија, лоцирана помеѓу долината на реката Вардар и велешкото езеро Младост, во срцето на Велешкото виногорје во централниот вински регион, на самиот автопат А1/Е75 Скопје – Велес.
Нашата бутик винарија се појави на македонската винска сцена во 2006 година и брзо го зазеде своето место на винската карта во земјата.
Нашата сила лежи во фактот што ние сами одгледуваме наше грозје на 94 хектари, бидејќи никогаш не го разбирате вашето лозје додека не направите сопствено вино. Потребна е страст – за земјата, за производот. Горди сме што произведуваме вина кои покажуваат како секое грозје се изразува кога е обликувано од почвата и сонцето на Македонија.
Wine, Food, View се три причини зошто треба да го посетите Шато Сопот. Премиум вината можете да ги вкусите во уникатниот пејсаж и да уживате во вкусот на неверојатните кулинарски деликатеси и да преноќите потоа.
Нашата историја
На долгогодишната винска традиција во Велес, на лозјата подигнати од „Лозар Велес’ во 1995 година, во 2006 година започна потфатот на Шато Сопот, кој по постигнатиот успех водеше во формирањето на Шато Сопот ДОО. Во 2007 година е подигнат нов насад на Темјаника. Во 2016 година е отворен ресторанот, а хотелот во 2023 година.
Нашата визија
Нашата визија е Македонија како винска земја на светско ниво, каде се одгледа страста за производство на исклучителни (врвни) винa (вино од светска класа), одраз на почвата и сонцето на Македонијa.
Нашата мисија
Нашата мисија е Шато Сопот како една од врвните бутик винарии во Македонија и Балканот, која произведува исклучителни вина одраз на нашата љубов кон земјата и страст за вино (и посветеност на одржливост), и обезбедува незаборавно искуство на нашите гости.
Нашата мисија ќе ја оствариме со придржување кон следните вредности: одличност и исклучителен квалитет, извонредна услуга, тимска посветеност и гордост, одговорност за животната средина, општествена одговорност и еднаквост, интегритет.
Нашиот тим

Божидар Илевски
Винар
Тргнува по патот на винар, инспириран од семејната традиција и на традицијата на Скопска црна гора, на правење на вино и ракија. Покрај традицијата се стекнува со знаење на Технолошкиот факултет во Пловдив, Бугарија. Следејќи ја својата страст за изработка на исклучителни вина доаѓа во Шато Сопот. Како винар, одговорен е за изработка на вината од лоза до шише. Вешт во правење и создавање уникатни вина, за вкусовите на нашите љубители на вино, признаени со многубројни медали на значајни вински натпревари.

Сашко Атанасов
Менаџер за угостителство и промоција
“За мене, најубаво вино е понекогаш младо, понекогаш старо, може бело, може црвено… Најважно е да биде добро усогласено со вкусовите на храната, добро друштво и позитивна енергија “
Со богато искуство што трае веќе 15 години во динамичниот свет на угостителството, вклучувајќи го менаџментот на ресторани и хотели, неговата експертиза го достигнува врвот во областa на винскиот туризам. Сè започнува откако ги завршува студиите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид во 2006 година. Кариерата ја започнува во хотел во родното Кавадарци, каде првично ја доживува еногастрономијата, поставувајќи основа за негово патување на различни лидерски позиции, во туристички агенции и хотели. Неговата посветеност на винскиот туризам го доведува во Винарницата Стоби, а од 2019 година станува дел од тимот во Шато Сопот, одговорен за угостителскиот сектор и промоција. Поседува сертификат WSET 3, со што ја потврдува неговата експертиза и преданост.
Диригент на вкусови и гостопримство, кој ја оркестрира совршената симфонија на вино и храна, претворајќи ги моментите во спомени, а вашата посета несекојдневно искуство.

Николина Василев
Шеф
Од Велес, желбата за гастрономија, ја носи на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, каде завршува гастрономија. Крајот на студиите е почеток на стекнување гастрономско искуство во ресторани на Балканот и Европа. Докажана во незаборавни гастроносмки искуства, посветена на извонредност во секој аспект на кулинарската уметност, од избор на состојки до презентација. Во Шато Сопот одговорна за перфекцијата на кујната, за разбирање на аромите и вкусовите, за потрага по нови гастрономски достигнувања и рецепти, кои прават хармонија со вината.

Зденка Виденова
Менаџер за продажба
Доминира во играта со стил и самодоверба. Од 2009 до 2020 година е на маркетинг сцената како менаџер во продукциска куќа. Но, пред тоа се стекнува со титули како државен првак на Македонија во тенис, во повеќе возрасни групи, докажувајќи го својот силен натпреварувачки дух.
Во Шато Сопот е од 2020 година , се фокусира на развој на продажбата, посебно во HoReCa секторот. Ја проширува продажбата, поминувајќи ги границите. Ја освојува продажбата со страст и брзина. Поседува сертификат WSET 2, и универзитетско образование на Virginia Tech, Вирџинија, САД.
Brand Book
Општествена одговорност
Ние во Шато Сопот веруваме во одговорноста за животната средина, во важноста на зачувувањето и подобрувањето на земјата. Тоа значи придржување на одржливи практики кои се еколошки здрави, економски остварливи и социјално правични. Тоа вклучува фокус на одржливост како на пример со напуштање на употреба на хербициди, со рационална употреба на вода, за рециклирање направивме наша еко-зона, а наскоро ќе започнеме со употреба на соларна енергија за сопствени потреби. Одржливоста вклучува и долгорочна насока кон култивирање на македонски автохтони сорти на грозје и употреба на традиционални техники.
Шато Сопот е посветен на нашите вработени и на заедницата. Винаријата ја поставува безбедноста прво. Посветени сме на промоција на чувството на тимска работа во целата винарија, заедничка гордост, уживање, лична одговорност и посветеност на меѓусебниот успехот на работа. Обезбедуваме можности и вложуваме во едукација, но и меѓусебно дружење. Поддржуваме разноличнист, еднаквост и вклученост.
Шато Сопот ја поддржува пред се локалната заедница, Велес. Во Велес, но и на други места Шато Сопот поддржува активности во културата и спортот. На пример Шато Сопот е поддржувач на Рациновите средби и на Велес МТБ тура.
Често поставувани прашања
Локација
ГПС координати: 41.77768023969936, 21.741003065162488

Шато Сопот се наоѓа на автопатот А1/Е75, со растојанија од
– Скопје 47 км или 39 мин преку А1/Е75
– Аеродром Скопје 30 км или 26 мин преку А1/Е75
– Езеро Младост 2,1 км или 4 мин преку R1102
– Белград, Србија, 443km или 4 часа и 20 мин преку A1/E75
– Солун, Грција 193 км или 2 часа и 12 мин преку A1/E75
Пристап до Шато Сопот
Доколку доаѓате од:
– Скопје по автопат А1/Е75 се исклучувате на Излез по патарина Сопот, кон Езеро Младост, вртете лево пред подвозникот
– Гевгелија по автопат А1/Е75 се исклучувате на Излез пред патарина Отовица, кон Езеро Младост, се движете околу езерото до хотел Романтик, каде продолжувате лево кон автопат Скопје-Велес, поминувате по подвозник и веднаш вртете десно
– Велес преку регионален пат R1102, поминувате покрај езеро Младост, до хотел Романтик, каде продолжувате лево кон автопат Скопје-Велес, поминувате по подвозник и веднаш вртете десно