Шато Сопот е една од најживописните бутик винарии во Македонија, лоцирана помеѓу долината на реката Вардар и велешкото езеро Младост, во срцето на Велешкото виногорје во централниот вински регион, на самиот автопат А1/Е75 Скопје – Велес.
Нашата бутик винарија се појави на македонската винска сцена во 2006 година и брзо го зазеде своето место на винската карта во земјата.
Шато Сопот има капацитет од 1.500 hL во танкови и дабови буриња и произведува мирни и пенливи вина, со повеќе од 20 етикети (вида). Вината се групирани во четири селекции: Classic Selection, Vineyards Selection, Reserve и Grand Reserve, како и Iconic. Покрај тоа произведуваме и овошни вина од капина и малина.
Нашите вина од нашите лозја се произведуваат од избрани блокови, грозјето е рачно набрано и грижливо пренесено до винаријата каде се подготвува и мулира. Ферментацијата се одвива во инокс танкови, а зреењето во дабови буриња, најчесто од француски и американски даб.
Упатуваме топла покана да го доживеете нашето гостопримство во Шато Сопот и да ги откриете атракциите на Велешкото виногорје. Без разлика дали сте во потрага по лежерно попладне со дегустација на храна и вино во ресторанот, каде што се спојуваат виното, храната и погледот, или пак планирате посебна прослава со престој во нашиот бутик хотел , со нетрпение очекуваме да ве поздравиме во нашата винарија. Препуштете се на виното и гостопримството во Шато Сопот, каде што секој момент се ужива. На здравје за незаборавни искуства и радост од заедничките моменти.