Упатуваме топла покана во Шато Сопот да го доживеете нашето гостопримство, како и атракциите во Велешкото виногорје. Без разлика дали барате лежерно попладне со дегустација на храна и вино или планирате посебна прослава, со нетрпение очекуваме да Ве поздравиме во нашата винарија. Препуштете се на виното и гостопримството во Шато Сопот, каде што секој момент се ужива. На здравје за незаборавни искуства и радост од заедничките моменти.

Ресторан

Ресторанот на Шато Сопот е единствен во Wine, Food, View обезбедуваjќи незаборавно искуство на нашите гости. Со нашите вина, во релаксирана атмосфера и прекрасен поглед, со љубезна услуга можете да уживате во кујната со велешки, македонски, балкански и медитерански јадења.

Хотел

Нашиот бутик хотел со десет апартмани и соби, нуди можност за престој и комплетирање на незаборавното искуство на нашите гости.

Настани и прослави

Остварете ја Вашата следна пригода во живописниот амбиент на нашата винарија. Без разлика дали се работи за дегустација на вина, собирање, корпоративни настани, прослави или свадба, нашиот посветен тим за настани Ќе работи со вас за да се создаде персонализирано искуство. Од елегантни приеми до живописни церемонии на отворено, нудиме разновидни простори и беспрекорна услуга за да се осигураме дека вашиот настан е незаборавен.

Дегустации

Дегустации на вино, по наша препорака или скроена по сопствен избор, придружена со храна, во ресторанот, во лозјето или винскиот подрум.

Групни настани

Можеме да Ви понудиме повеќе вински тимски игри. Тие можат да бидат винарска олимпијада со игри како: газење грозје, тркалање на бачви, наполни го шишето,  балансирање на винско шише, фрлање прстени на винско шише, куглање со вински шишиња. Секако тука е и лов по скриено винско богатство. Тимските игри може да произлезат и од винските дегустации како: слепа дегустација на вина, спарување на вина и сирења, креирање вински коктел. Тимовите  може да ги пробаат и своите уметнички таленти со вино и сликање или фотографски предизвик. Одредени игри се можни само во одредени сезони, а некои се одвиваат надвор и зависат од временските услови.

Прослави и свадби

Идеално место за запросување, свадба или роденденска забава.

Настани

Шато сопот организира музички настани.

Активности и атракции

Во Шато Сопот, нашата посветеност да обезбедиме незаборавно искуство се протега надвор од нашето лозје, визба, ресторан и хотел. Откријте ги природните убавини и културното богатство на околината со различни активности и атракции.

Свети Трифун, Македонската традиција на славење на 14 -ти февруари

Иако на Запад познат како Денот на вљубените, 14 -ти февруари во Македонија се слави традиционално како Денот на Свети Трифун. Денот на Свети Трифун е еден од најславните празници во културите на православните христијани на Балканот, настрана од Македонија, особено во Србија, Бугарија и Црна Гора. Некои го сметаат за последен зимски празник, додека други – како прв пролетен празник.

Свети Трифун е заштитник на градинарите и лозарите, винарите и рестораните и ги штити лозјата и градините од зло и несреќи (болести, инсекти, тешки временски услови итн.). Денот е обред на плодност наменет за поттикнување на растот на лозите и се слави со многу обичаи, но главно познат по ритуалот на закројување на винова лоза. На 14 -ти февруари лозарите на лозјето за прв пат во таа година одат во лозјата и започнуваат со на закројување на виновата лоза. Во повеќето делови на Македонија, рано наутро на денот на Свети Трифун, луѓето одат во црква каде што свештеникот ја благословува светата вода, која се посипува над лозите. Легендата вели, ако врне дожд на празникот Свети Трифун, тогаш ќе биде многу плодна таа година. Во Тиквешкиот регион лозарите рано наутро оделе во лозјата за да закројат неколку лози, ги полевале со вино, а потоа ги благословувале. Во селото Ваташа по закројувањето на виновата лоза, попот прободува запален факел во земјата во дворот на црквата, за да го забрза заминувањето на зимата.

Во Шато Сопот, прославата на денот на Св. Трифун започнува околу пладне со молитва за благословување на лозјата и ритуал на закројување на винова лоза. Тоа е симболично прво закројување на винова лоза, иако закројувањето започнува со почетокот на зимата. Вообичаено, последователно ќе има музика во живо и специјални понуди за дегустација на вино.

Свети Трифун – Свети Трифун Камсадски

Легендата вели дека Свети Трифун Камсадски е роден околу 225 година од нашата ера во селото Камсада во римската провинција Фригија, денешна Турција. Неговите родители биле сиромашни христијани, а во детството бил чувар на гуски. Во раното детство тој разви необичен Божји дар како чудотворен исцелител. Легендата вели дека тој ја излекувал ќерката на владетелот Гордијан III на Римската империја и како резултат на тоа му биле дадени подароци и почести кои им ги давал на сиромашните. Подоцна, со наредба Декиј, новиот владетел на Римската империја, кој го започнал Декијското гонење на христијаните, бил мачен и убиен. Тој се смета за светец и неговите посмртни останки се пренесени во Котор во Црна Гора. Тој бил многу славен. Денот на светецот, неговиот празник, 1 февруари подоцна со календарската реформа се смени на 14 февруари.

Бајкинг и хајкинг  

Шато Сопот има одлична позиција за пократки и подолги, полесни и потешки патеки за бајкинг и хајкинг, како околу самата винарија, Велешко езеро Младост или подрачјето на Велес. Сопот бајкинг 

ВЕЛО ВИНСКИ ТУРИЗАМ, ВИНАРИЈА ШАТО СОПОТ (Видео)

Велешко езеро Младост 

На  2.1 км од Шато Сопот се наоѓа Велешкото езеро или езерото „Младост“. Ова вештачко езеро, долго околу 1.5 км и длабоко до 25 м, некогаш изградено за наводнување на лозјата во Велешко виногорје, сега е честа локација за одмор, рекреација и честа дестинација наљубителите на риболов.

Велес

Велес е град во централниот дел на Македонија на реката Вардар. Велес е шестиот по големина македонски град со вкупно население над 40.000 жители. Велес се наоѓа на 54 км јужно од Скопје и на 40 км северно од Тиквеш (Кавадарци, Неготино).  Велес низ историјата имал многу имиња, од кои три се најважни. Вилазора првично бил пајонскиот град Билазора во раната класична антика. Како дел од Отоманската империја станал  Köprülü. Станува Велес како дел од Вардарска бановина на Кралството Југославија, а по Втората светска војна, градот бил познат како Титов Велес. Од 1996 година е повторно само Велес. Велес е поврзан со Солун со првата железничка пруга на Балканот изградена во 1873 година. Некои од туристичките атракции вклучуваат примери на стараградска архитектура како куѓите на Касапови и Главинови, или куќите на познатите Кочо Рацин и Џинот. Тука се и црквите како Св. Пантелејмон изгеадена во 1840 година од познатиот македонски неимар и градител на цркви во Македонија и низ Балканот, Андреја Дамјанов 

Виртуелна тура Veles – Macedonia / 360 VR tour (macedoniafromabove.mk)

Извори: Velesmywanderlust.pl 

Туристички водичи линк