
Лозјата на Шато Сопот се лоцирани меѓу долината на реката Вардар и велешкото езеро Младост, во срцето Велешкото виногорје, дел од Централниот вински регион (Повардарие) на Македонија, каде се допираат медитеранската клима и умерената континентална клима.
Локации
Лозјата на Шато Сопот се протегаат на две брда, едното на западната страна кон реката Вардар, каде доминира микролокацијата Камењата и второто на исток кон езерто Младост, каде доминира микролокацијата Ридот. Google Earth
Лозјата се протегаат на 94 хектари, на кои с застапаени Шардоне, Темјаника, Рајнски ризлинг и на другата страна Каберне Совињон. Лозјата се подигнати во 1995 година, со исклучок на Темјаниката која е подигната во 2007 година. Шато Сопот соравтува со три партнерски винарии од кои ги обезбедува останатите сорти.
Лозјата се меѓу 210 (југ) и 260 (север) метри надморска височина. Составот на земјата на различни микролакации се движи од вертизол до црвеница. Годишно има околу 270 сончеви денови. Просечната температура е 12.5°C, со росечна максимална температура од 19°C , а највисоката забележена температура е 42.5°C, додека просечната минимална температура е 6°C со најниска забележена температура од -18°C. Ветерот Повардарец или Вардарец дува по долината на реката Вардар, од север Шар Планина кон југ до Солун и топлото Егејско море. Има карактер на маестрал. Вардарец е претежно зимски ветар и неговата просечна брзина изнесува околу 21,6 км/ч.
Виртуелна тура
Берба
Бербата во нашите лозја вообичаено започнува со Шардоне, средина кон крај на август, а завршува со Kаберне Совињон од почеток до крај на октомври.