Берба

Почитувани

Винарија Шато Сопот Доо е една од нај живописните винарии во Македонија, лоцирана во срцето на Велешкиот вински регион, во близина на самиот автопат кој ги спојува Скопје и Велес. Се работи за релативно нова бутик винарија, основана во 2006 година, со добиена концесија на 30 години врз 100 хектари лозје, со четири видови на грозје (Шардоне, Ризлинг, Темјаника, Каберне Совињон). Годишниот капацитет на винаријата е 120 000 литри вино и годишно производство до 50 000 литри. Во склоп на винаријата е отворена продавница, која нуди можност нашите вина со врвен квалитет да можете да ги купите со секоја посета на нашата винарија со промотивни цени. Исто така може да уживате во дегустација на нашите вина во рустичниот и уникатен стил кој го нуди самата винарска визба. Дополнителна удобност нуди и самиот ресторан, создаден во посебен и уникатен стил, со капацитет од 400 гости, во кој можете покрај вкусот на врвните вина да уживате и во мирисот и вкусот на беспрекорните кулинарски деликатеси. Во изградба е и хотелот кој располага со шест соби и четири апартмани, обезбеден со најсофистициран начин на функционирање кој нуди огромна удобност и комфорност.
Целата оваа еногастрономска понуда на квалитет и традиција ја надополнува и специфичноста на природата која ја доловува историјата на овој вински регион.

Со почит,
Винарија Шато Сопот