Шато Сопот е една од најживописните бутик винарии во Македонија, лоцирана помеѓу долината на реката Вардар и велешкото езеро Младост, во срцето на Велешкото виногорје  во централниот вински регион, на самиот автопат А1/Е75 Скопје – Велес.

Нашата бутик винарија се појави на македонската винска сцена во 2006 година и брзо го зазеде своето место на винската карта во земјата.

Ресторанот на Шато Сопот е единствен во wine, dine, view обезбедуваjќи незаборавно искуство на нашите гости. Со нашите вина, во релаксирана атмосфера и прекрасен поглед, со љубезна услуга можете да уживате во кујната со велешки, македонски, балкански и медитерански јадења.

Шато Сопот има капацитет од 1.500 hL во танкови и дабови буриња и произведува мирни и пенливи вина, со повеќе од 20 етикети (вида). Вината се групирани во четири селекции: Classic Selection, Vineyards Selection, Reserve и Grand Reserve, како и Iconic. Покрај тоа произведуваме и овошни вина од капина и малина.

Нашите вина од нашите лозја се произведуваат од избрани блокови, грозјето е рачно набрано и грижливо пренесено до винаријата каде се подготвува и мулира. Ферментацијата се одвива во инокс танкови, а зреењето во дабови буриња, најчесто од француски и американски даб.

Нашиот бутик хотел со десет апартмани и соби, нуди можност за престој и комплетирање на незаборавното искуство на нашите гости.