1 12, 2023

Wine Vision by Open Balkan

By |2023-12-01T00:27:03+00:00декември 1st, 2023|Вести|0 коментари

Во Белград, од 16 до 19 декември 2023 се одржа 2 Wine Vision by Open Balkan https://www.fair.openbalkan.com/  каде учествуваше и Шато Сопот. Саемот е одлична можност за винските професионалци и винските љубители да ја искусат страста и вината од Македонија, Србија и Албанија и други земји. Беа доделени и награди за "Open Balkan Wine Trophy 2023", а Шато Сопот освои седум медали и тоа две златни и пет сребрени медали. Златни медали освоија Ридот Гранд Резерва 2015 и Убава Темјаника 2022, а сребрени медали освоија Убавино 2015, Камењата Гранд Резерва 2016, Вранец Резерва 2018, Сопот Куве бело 2021 и Сопот Куве црвено 2020. Вкупно десет медали, [...]

14 06, 2021

2021.06.14. Дума, Името на Рацин веќе дел од велешка винска приказна за моќ, елеганција и големина како делото на поетот

By |2024-01-28T03:49:22+00:00јуни 14th, 2021|Сопот во медиумите|0 коментари

Вино „Рацин“ Винска приказна поттикната од големината на најголемиот меѓу големите велешани, чија порака „Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе“ е испишана на етикетата на виното „Рацин“ веќе раскажува винаријата „Шато Сопот“ крај Велес. На оваа приказна, тим од енолози и менаџери, работел во изминатите осум месеци за да од 20 хектари лозов насад, на кој доминира лозницата „Шардоне“ го создаде и му го посвети виното на големиот Коста Солев Рацин. Промоција Виното во исто време e моќно, елегантно и големо какошто била и љубовта на Рацин кон Раца, рече енологот [...]

14 06, 2021

2021.06.14. Убавината на македонската тоскана: Винарија „Шато Сопот“

By |2024-01-28T03:48:15+00:00јуни 14th, 2021|Сопот во медиумите|0 коментари

Винаријата „Шато Сопот“ во Велес е едно од најживописните места кои може да се посетат како за викенд, така и преку работна недела. Локацијата на винаријата е после втората патарина кон Велес, се свртува десно и патот води кон самото место. Сместена на височинка, од терасата на ресторанот се простира прекрасен поглед со лозови насади, а конфигурацијата на теренот потсетува на Тоскана. Овој период е идеален за посета на ова место, бидејќи лозовите насади се разеленети, и убавината на местото е во полн сјај. Доколку сте таму на приквечерина, од таму можете да доживеете прекрасно зајдисонце. Ресторанот нуди вкусна и [...]

18 06, 2020

ПОДОБРИ ВРСКИ

By |2024-01-28T03:53:46+00:00јуни 18th, 2020|Вести|0 коментари

18/06/2020 ПОДОБРИ ВРСКИ Во рамки на развојниот проект на општина Велес „Паметно езеро Младост“, конечно е асфалтиран патот до Сопот и пристапниот пат до Шато Сопот.

10 06, 2020

2020.06.10. Батали, Проект Смарт езеро „Младост“: Асфалтиран патот до село Сопот и блиската винарија

By |2024-01-28T03:47:08+00:00јуни 10th, 2020|Сопот во медиумите|0 коментари

Дел од патот од езерото „Мадост“ кон село Сопот и винаријата „Шато Сопот“ доби асфалт. Ова е првиот, од вкупно 18 подпроекти на Општина Велес, кои се дел од големиот проект ,,Паметно Езеро Младост – Прва иновативна туристичка дестинација во Македонија“, вреден над еден милион евра, финансиран од ЕУ, а го спроведува Светска Банка. Патот е долг 726 м и просечна широчина од 3 до 3,5 метри и вредност во вредност од 70.000 евра, обезбедени од Европска Унија. „Со понудата и содржините на Езеро „Младост“, Велес станува важна туристичка дестинација за транзитен, рекреативен, вински, спортски и риболовен туризам“, вели Аце [...]

6 05, 2020

2020.05.06. Винотика, Велес и виното

By |2024-01-28T03:47:52+00:00мај 6th, 2020|Сопот во медиумите|0 коментари

Шато Сопот е една од најпознатите македонски винарии, со квалитетно производство на вино и прекрасна глетка на лице место. Ако сте во Македонија, посетата на лозјето е страшна идеја – комбинирање на отворено со гурманот, тоа е многу популарно патување. Од друга страна, винаријата Шато Сопот се наоѓа десно од патарината на автопатот Скопје – Велес. Близу е на езерото Младост , што е уште една популарна дестинација во близина на велешката област, така што тешко може да го промашите влезот. Честопати се нарекува Сопот , не треба да се меша во селата во близина на Куманово и Кавадарци. Винарија на фарма како и повеќето други македонски [...]

27 02, 2020

2020.02.27. Арткујна, Првото претставување на Шато Сопот на натпревар во Германија, и донесе злато на винаријата

By |2024-01-28T03:47:26+00:00февруари 27th, 2020|Сопот во медиумите|0 коментари

На Mundus Vini, престижен интернационален вински натпревар кој се одржува во Германија, за првпат се претстави и винаријата „Шато Сопот“ и доби Златен медал за Вранецот 2017. Првото претставување на Шато Сопот на престижниот интернационален вински натпревар – Mundus Vini, резултираше со златен медал за одличниот Вранец 2017. Mundus Vini е престижен интернационален вински натпревар кој оваа година по 26-ти пат се одржа во Германија. 268 вински судии, претставници на 54 земји, „на слепо“ дегустираа над 7.500 вина од целиот свет. Дегустацијата се одвива според систем од 100 поени. Златниот медал на Mundus Vini е неоспорен симбол на квалитет во [...]