Во Белград, од 16 до 19 декември 2023 се одржа 2 Wine Vision by Open Balkan https://www.fair.openbalkan.com/  каде учествуваше и Шато Сопот.

Саемот е одлична можност за винските професионалци и винските љубители да ја искусат страста и вината од Македонија, Србија и Албанија и други земји.

Беа доделени и награди за “Open Balkan Wine Trophy 2023”, а Шато Сопот освои седум медали и тоа две златни и пет сребрени медали. Златни медали освоија Ридот Гранд Резерва 2015 и Убава Темјаника 2022, а сребрени медали освоија Убавино 2015, Камењата Гранд Резерва 2016, Вранец Резерва 2018, Сопот Куве бело 2021 и Сопот Куве црвено 2020. Вкупно десет медали, со медали од други вински натпревари е бројот на златни и сребрени медали во 2023 година.